Предмалку заврши натпреварот од регионалната СЕХА лига во кој во спортската сала “Боро Чурлевски” во Битола, екипата на Еурофарм го дочека европскиот вицешампион Веспрем.
Битолчани успеаа да стигнат до третата победа од три одиграни натпревари во СЕХА со 26:24 (14:8 на полувремето).
Ечеше преполната сала, а публиката извикуваше: “Ова е Битола, ова е Битола…!”
Toa беше ветар во грбот на разиграните ракометари на Еурофарм, кои по трите натпревари во Лигата на шампиони каде им недостигаше среќа, стигнаа до првиот голем подвиг сезонава.
Расположени беа Стјепановиќ, Јотиќ, Остроушко, а на голот извонреден одново беше Никола Митрески, но и Благојче Трајкоски кој имаше неколку клучни одбрани.
Состојбата на табелата во грпата Б сега е следна: