ГОЛЕМА РАСПРОДАЖБА: Купете си борбен авион или хеликоптер од војската на Албанија!

albanija_MIG-30te4k0pgcfd26kbgudslc

Министерството за одбрана на Албанија одлучи да продава 40 застарени авиони и хеликоптери кои се производство на Русија и Кина, јавуваат светските медиуми.

За нив, најмногу интерес има од музеите и приватните колекционери од САД, Франција и Италија.

Поголемиот дел од авионите кои се наменети за продажба, ќе бидат ставени на аукција која е закажана за 22 февруари, а нивната почетна цена почнува од 8.500 долари и од 15.000 долари.

Инаку, Албанија стана членка на НАТО во 2009 година, а нејзиното воздухопловство, кое е формирано во 1951 година, сега поседува само хеликоптери.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.