Голема грешка на југословенскиот динар: Го умреле Тито 50 години порано

На почетокот од осумдесеттите години на минатиот век, била донесена одлука постоечката серија на пари да се замени со нова, помодерна.

 

tito-banknota-640x427

Во новата серија, секоја поединечна банкнота требала да претставува една од југословенските републики, и од едната страна да има лик од историска личност од таа држава, а од другата страна – мотив од државата. Во 1985 година излегла новата серија банкноти со воведувањето на банкнотата од 5000 динари со ликот на починатиот југословенски претседател, Јосип Броз Тито.

Дотогаш најголемата издадена и долгоочекувана банкнота предизвикала бура реакции во јавноста што трае до денес – не заради нејзината вредност, туку поради грешката што на почетокот никој не ја забележал.

Имено, покрај ликот на Тито се запишани годините на неговото раѓање, односно неговата смрт. Наместо 1892-1980, на банкнотата пишувало 1892-1930, па според тоа, Тито починал 50 години претходно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.