Голем хуманитарен музички настан за малиот Михаил од Прилеп: Придружете се сите за да го олесниме животот на ова детенце

Хуманитарната организација од Прилеп, Дрим Тим Од Деца За Деца, која активно, од месец јули 2021 година, зазема во многу досегашни хуманитарни акции за луѓе и деца кои им е потребна помош. Таа е составена од млади активисти кои сакаат да ја разбудат свеста и совеста на граѓаните во својот град и пошироко.

Овој пат, тимот на Дрим Тим Од Деца За Деца, организира хуманитарен музички настан на 24.06.2022 година, местото каде ќе се одржува овој настан е големиот стадион во паркот на Могилата на Непобедените, кој ќе биде организиран за да се забавуваат луѓето додека прават хумано дело.

Хуманитарниот настан е за малиот Михаил од Прилеп кој боледува од целебрална парализа, тумор и слепило на едното око. Паричните средства кои ќе бидат собрани, помошта која ќе ја добијаме од Вам како хуманитарци, од оние кои ќе земат учество во организацијата на овој настан, ќе бидат донирани на семејството на малиот Михаил.

До сега Дрим Тим Од Деца За Деца има доста успешни настани како што последно организиран беше и Велигденскиот музички настан на кој имаа доста заинтересирана публика-хуманитарци и голема помош и поддршка од разни компании и поединци кои беа дел од организацијата или им излегоа во пресрет на овие млади активисти со некои мали гестови, секој колку што бил во можност.

Дрим Тим Од Деца За Деца и за овој настан ги повикува сите оние кои што се во можност да помогнат, да донираат, да бидат хумани со пораката „Јас сум хуман биди и ти!“.

Фирми помагатели на настанот се: КОМУНАЛЕЦ, ЛИМОНАДА, ХАЈВ, КАСНИ ПОРАСНИ, КОШНИЦА, ГРАФИКА ДИЗАЈН, МАКСПРИНТ, ЈАЗИЧЕН ЦЕНТАР ДРИМ-ТИМ.

За повеќе информации доколку некој сака да биде дел од нив или пак сака да пружи помош на оваа хуманитарна организација можете да се обратите на следниве контакти: 077930850.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.