По Кипар на 30 август, Македонија денеска воспостави дипломатски односи и со Сент Китс и Невис, објави државата составена од два острова меѓу Атлантски Океан и Карипско Море.
„Честитки за високиот комесар на Сент Китс и Невис, Кевин Ајзак, за неговата одлична дипломатија во името на неговата држава. Денеска сме горди со воспоставувањето дипломатски односи со Република C Македонија и се надеваме на продлабочување на нашите односи“, објави на Твитер министерот за надворешни работи и авијација на Сент Китс и Невис, Марк Брентли.
Congratulations to #StKitts #Nevis High Commissioner HE Dr Kevin Isaac for his excellent diplomacy on behalf of his country. Today we are proud to establish formal diplomatic relations with Republic of North Macedonia and hope to deepen our relationship #DiplomacyMatters pic.twitter.com/MANHDXYVd3
— Hon. Mark Brantley (@markbrantley3) September 12, 2019
Инаку оваа држава има популација околу 55.000 жители.