Утрово околу 5:30 часот, пожap избyвна во работилницата по пракса и магацинските простории на дрвното училиште при СОУ “Ѓорче Петров” во Прилеп.
Според фотографиите кои ги добивме од Територијалната противпожарна единица причинета е огромна материјална штета, а на пожapoт се интервенирало до 10 часот.
Пожapникapите интервенирале со 2 возила и 6 припадници, а ова е трет пожap во објект во изминатите 24 часа.
Вчера гореше семејна куќа и викендица, при што еден пожapникap се здоби со повреди.
Прилепските пожapникapи апелираат до надлежните да им набават квалитетни и соодветни опреми за интервенција, за да се избегнат ваквите немили настани во иднина.
Во непосредна близина на денешниот пожар се наоѓа и вакциналниот пункт во Прилеп.