ГОЛЕМ ДЕФЕКТ ВО БИТОЛА: Речиси цел град остана без вода (ФОТО)

Без вода за пиење утрово остана цела Битола и околните населби поради голем дефект на главниот цевковод на пумпната станица на ЈП Водовод. Директорот на претпријатието Андреј Гинов, потврди дека станува збор за сериозен проблем и вели дека екипите на јавното претпријатие од ноќеска се на терен за санација на дефектот, но неизвесно е кога во градот ќе се нормализира водоснабдувањето.

Имаше испад од електричната мрежа на затворач од потисниот цевковод на пумпната станица. Дојде до хидрауличен удар, кој поради старост на материјалот предизвика голема пукнатина на цевководот. Во овој период испумпуваме вода од акумулацијата „Стрежево“ до филтерница и така ги снабдуваме домаќинствата. Цела ноќ работиме на санирање на дефектот на цевководот, вели Андреј Гинов, директор на ЈП Водовод Битола.

-Ве информираме дека поради настанатиот голем дефект на потисниот цевковод на пумпна станица, без вода за пиење ке остани поголем дел од градот во текот на денот. Екипите на ЈКП Водовод Битола цела ноќ го санираат настанатиот дефект и ќе продолжат во текот на денешниот ден – стои во соопштението од јавното претпријатие.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.