На 16.07.2023 во времето од 00:00 до 04:00 часот, криминалистичката полиција на СВР Битола спроведе акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти и точење алкохол на малолетни лица во 14 угостителски објекти во Битола, обиколки низ Градски парк, на паркингот позади Градска библиотека, училишни дворови, при што легитимирани биле 65 лица, во дворот на ОУ,,Гоце Делчев,, во Битола затекнати се три малолетници под дејство алкохол при што истите се предадени на родителите.
Во колонијална продавница лоцирана на ул. Широк Сокак во Битола, од страна на сопственичката на продавницата, малилетник бил послужени со алкохол.
Во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен во угостителски објект лоциран на градскиот плоштад бил затекнат малолетник во објектот. Истиот е предаден на родителите. За сите неправилности ќе следуваат соодветни поднесоци.