Голем број гранати и експлозивни средства од Прва светска војна прават проблем во работите на патот Прилеп-Битола (ВИДЕО)

И на постојната, и на новата траса за патот Прилеп – Битола има неексплодирани средства и затоа работата на таа траса ќе оди тешко, објасни вчера министерот за транспорт и врски Александар Николоски во „Клик Плус“ на ТВ21.

Тој рече дека ако се деминираат тие гранати, за 2-3 години може да се очекува Прилеп и Битола да бидат поврзани со автопат.

-Има проблем со деминирање. Таа траса поминува низ линијата на фронтот во Првата светска војна, и затоа потребно е да се деминираат сите тие. Не се малку, и сериозна е работата, и ако тоа се заврши на време, тогаш за 2-3 години очекувам да имаме автопат Прилеп – Битола, рече Николоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.