Во четврток 28 април 2016 во 20 часот во големата сала од ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп годишен концерт ќе одржи танц студиото Зодијак. Концертот е по повод 17 години постоење на Зодијак и одбележување на интернационалниот ден на танцот 29 април.
Стотина танчери на најразлична возраст ќе се претстават со кореографии од класичниот балет, модерниот балет, современиот танц, а воедно ќе биде прочитана и итернационалната порака за оваа година која ја напиша кореографот Lemi Ponifasiо,а ќе биде и промовиран видео спотот за ЗОДИЈАК во авторство на Љупчо Атанасоски.
Манифестацијата што ќе биде празник за очи, е поддржана од Општина Прилеп и повеќе фирми од Прилеп.
-Седумнаесет години и не е така мал период за креативно творење на нашето тло. Прилеп отскокнува од останатите градови по создавањето на таленти и креативци кои можат на најразличен начин да ја претстават својата имагинација. Пред се, со танцот, како универзално средство за разбирање меѓу различните култури велат од студиото Зодијак.