Вчера вечер во Центарот на култура „Марко Цепенков“ се одржа целовечерен концерт на КУД „Мирче Ацев“. Стотина играорци на КУД „Мирче Ацев“, го пренесоа пред публиката богатиот македонски фолклор кој го негуваат со години. Членовите се претставија со повеќе ора, меѓу кои Драчевка, Повардарие, Беранче, Куцано, Буфчанка, сплет од Источна Македонија…
Концертот е годишен и е во рамките на програмата за работа на друштвото за 2016 година.