Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски денеска во Прилеп изјави дека над 80 проценти од работите на железничката станица во градот се завршени.
– Согласно динамиката што ја имаме со изведувачите и координацијата со Европската Унија, очекуваме обновата на сите железнички станици оваа година да биде завршена, нагласи Мисајловски.
Тој додаде дека се работи и на делницата Битола- Краменица која е нова.
– Се работи на оваа нова делница со еден крак кон Жабени. Целата траса е веќе пробиена. На теренот работиме ефективно. Овие месеци имаше послаб интензитет поради временските услови, но очекуваме компаниите кои работат и нивните подизведувачи наредните месеци да ја засилат работата. Очекувам, согласно договорот комплетно трасата да биде рехабилитирана, изјави Мисајловски.