Говорот на спортскиот коментатор Тони Стојановски кој ќе допре до секој Македонец: “Кога не’ оспоруваат и име, и презиме, и нација, еве не’ во Европа”

Говорот на спортскиот коментатор Тони Стојановски на крајот од историскиот натпревар со Грузија

“Кога нè оспоруваат: и име.. и презиме.. и нација.. и ген… eве нè во Европа! Меѓу сите тие што ги описменивме. Ќе нè дочекаат наредниот јуни, ќе ја поздрават нашата репрезентација.

Ќе стојат мирно на нашата химна! Ова е порака од сите: православни христијани, Македонци, Албанци, Турци што играат за оваа репрезентација: Дека нашата држава треба да ја чуваат тие што ja водат – и едните, и другите, и третите и четвртите!

Ова е голема победа за Македонија! Ова е победа за радост на душата. Да цитирам зборови од нашата поезија: СЕГА ДУШАТА СЕ РАДУВА ЗАТОА ШТО ИМА ЗОШТО ДУША ДА Е! ОВАА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЖИВЕЕ! ЌЕ ЖИВЕЕ УШТЕ!!!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.