Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип, синоќа по десетти пат ги одржа традиционалните Ораторски вечери. Се натпреваруваа осум студенти од различните факултети на универзитетот, а двајца од нив добија награди за најдобри говори.
Со награди се закитија Јован Јанев, студент во втора година на Правниот факултет во категорија на “слободни говори” и Ана Михаиловска во категорија “рамноправност и недискриминација”.
Говорот на Јован е за секојдневните случувања во Македонија, а е толку моќен и реален што ние го прегледавме неколку пати.
Верувајте, ќе ве остави без зборови! Секоја чест!