Го фатиле по еден час: Фатен битолчанец кој огpaбил обложyвалница

На 18.10.2022 во 22.35 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица од општа надлежност при СВР Битола го лишиле од слобода Ј.Ч.(36) од Битола.

Тој се сомничи дека околу 21.30 часот во спортска обложувалница на ул.„Партизанска“ во Битола со закана кон вработената одзел пари од дневниот промет.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.