Тројца мажи поднеле тужба против мексиканскиот ресторан “Chipotle” затоа што се прејадиле во ресторанот. Прв до надлежните служби се обратил Дејвид Десмонд, тој смета дека буритото кое го јадел имало многу повеќе калории од оние кои се наведени во менито.
Тужбата и не е толку глупава, особено ако се утврди дека бројот на калории во храната е поголем од оној што е наведен.
Овие луѓе тврдат дека сакаат да го спречат ресторанот да користи лажни бројки и сакаат да ги поттикнат Американците да започнат здраво да се исхрануваат.