ГО СТОПИ СРЦЕТО НА ЖИРИТО: Младата прилепчанка Марија заблеска на сцената на “Пинкови ѕвездички” (ВИДЕО)

screenshot_62

Марија Костоска од Прилеп ги доби сите 5 гласови од жирито на  “Пинкови ѕвездички”.

12-годишната прилепчанка го освои срцето на целото жири, изведувајќи ја песната од Каролина Гочева, “Не се враќаш”.

 

“Снажно и силно. Еве типичен и егзактен пример кога некој има крупен и силен глас, голем волумен, а всушност цело време ја збогатува песната со украси, трилери, вибрато, со сите можни финеси и во тоа богатство ние го препознаваме добриот пеач”, била реакцијата на Леонтина.

“Ова е за петка, затоа што не се работи за детско пеење. Ова е сериозно пеење, не е шега. Мојата ќерка ја обожава оваа песна, така да токму неа и ја посветувам”, рекла Гоца Тржан.

Уживајте во изведбата на Марија:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.