Добро би било, секој од нас, барем еднаш годишно, да засади по едно дрвце. Тоа ќе придонесе за почиста околина, поздрава средина, почист воздух и зелена природа која ќе значи здравје и живот за сите нас.
Денес е 21 Март – Денот на пролетта, Денот на екологијата, ден кој во ООУ “Кире Гаврилоски – Јане” во Прилеп се одбележа со многу настани.
Учениците зедоја учество на:
-Хуманитарен турнир во мал фудбал организиран од деветтоодделенците во рамките на Ученичките иницијативи, во кој учествуваа 16 екипи од сите основни училишта во Прилеп.
-Хуманитарен турнир во организација од Црвен крст во одбојка, во кој учествуваат 12 екипи со учесници од 14 до 19 години.
-Засадување на садници цвеќиња во училишниот двор од страна на ученици и наставници од СОУ,,Орде Чопела” и претставници од проектот ,,Слоу-фуд”-Прилеп
-Засадување на садници во дворот на училиштето во соработка со невладини организации и проектот ,,Slow food”.
-Работна акција организирана од учениците и наставниците, во која темелно се чистат училниците, кабинетите и училишниот двор на училиштето.
Целта на оваа акција е подигнување на свесноста, знаењето и ставот кон животната средина. А во исто време да се зголеми капацитетот на учениците за соработка и учество во заеднички активности.
Секоја чест за сите ученици, нивните наставници и сите оние кои зедоја учество во денешните активности!