Доминик Тарчзински, дел од полската партија “Право и Правда”, неодамна дал интервју за британскиот “Kaнал 4”.
Според полскиот пратеник, неговата земја е безбедна затоа што одбила да прифати илегални мигранти Муслимани.
Новинарката од “Kанал 4” го праша пратеникот “Колку мигранти Полска има примени”, а тој на тоа одговори “нула”. Koга новинарката го праша дали е горд на тоа, тој вели: “Ако ме прашувате за илегалните мигранти Муслимани, ниту еден нема да влезе во Полска, ако е нелегален”.
Полскиот пратеник објаснува дека неговата земја веќе прифатила 2 милиони Украинци кои работат во неговата земја. Тој додава дека Полска нема да прифати ниту еден Муслиман, затоа што тоа го ветиле пред нацијата.
Новинарката го потсетува дека тоа звучи расистички, а Тарчзински на тоа додава:
“Ова е тоа што го очекуваат нашите граѓани од владата, ова ја прави Полска безбедна, ова е причината што немаме ниту еден терористички напад”.