Бен Тауерс од британскиот град Гилингем, на 11 години ја основаше дизајнерската компанија “Tower Design”.
Таа компанија на почетокот му била само извор за џепарлак, но денес во компанијата која ја предводи 18-годишниот Тауерс работат 22 работници. Компанијата има канцеларија во Манчестер, Кент и Лондон.
Според пишувањата на британското списание “The Sun” Тауерс договорил спојување на своите компании со големата компанија “Зест”.
Тауерс на спојувањето работел речиси цела година, па се смета дека овој потег ќе го зголеми приходот на компаниите за 50%.
Ф.Г.