Го матираше големиот Динамо Загреб: Несторовски со прекрасна мајсторија му зададе нов болен пораз на шампионот на Хрватска (ВИДЕО)

Составот на Динамо Загреб доживеа нова резултатска катастофа, овојпат во домашниот шампионат каде доживеа убедлив пораз од Славен Белупо со 4-1.

Се’ уште неосвестени од катастрофалниот пораз со 9:2 од Баерн Минхен во Лигата на шампиони, хрватскиот шампион попладнево беше фаворит на гостувањето кај Славен, но им се случи нов потоп.

Иако Динамо прв го отвори резултатот, следуваа четири погодоци во нивната мрежа, а последниот за убедлив триумф на Славен Белупо беше дело на Илија Несторовски во 77-та минута.

Искусниот прилепчанец на мајсторски начин му зададе шах-мат на најдобриот тим во Хрватска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.