Иако на многумина им се чини дека на славниот готвач Џејми Оливер во животот се му оди како подмачкано, тоа е километри далеку од вистината.
Во интервју за весникот „Гардијан“ призна дека покрај славата и популарноста не е среќен и кога би можел да го врати времето, никогаш не би станал познат.
-Секој ден посакувам никогаш да не станев познат. Но, сепак, од мојата слава има добра работа – имам среќа што за време на овие поминати години запознав прекрасни луѓе. И сега сум опкружен со прекрасни луѓе поради кои секојдневно сум благодарен, бидејќи работам работа која ја сакам и постојано сум опкружен со насмевки – признал славниот британски готвач Џејми Оливер.
Првиот ресторан го отворил во 2008 година по што станал невидено успешен, па отворил неколку ланци, вкупно 37 ресторани. Падот следел во 2014 година, па неговиот сон продолжил да се руши, за оваа година на виделина да излезе дека банкротирал.
Тој сѐ уште работи под полна пареа. Има цел и живее и работи како сите други, само плус има товар од славата и петте деца.
Вели дека ужива во својата градина со чаша виски додека ги слуша птиците.
Така живее обичен живот, иако прилично отежнат со милионски долгови и слава која можеби подобро никогаш да не постоела.