Кога Лесли Емерсон починала од рак, најблиските роднини нејзиниот мобилен телефон го пoгребале заедно со неа. Меѓутоа, две години подоцна, почнале да им пристигнуваат пораки од нејзиниот број.
Лесли била погребана со нејзиниот мобилен телефон бидејќи во текот на животот обожавала да праќа пораки на своето семејство.
Две години по нејзината смрт, нејзината внука Шери доживеала шок кога на мобилниот телефон и пристигнала порака од починатата баба: „Внимавам на тебе, се ќе биде подобро. Само издржи!“
Се испоставило дека мобилната мрежа го доделила бројот на починатата жена на друг корисник, за кој се испоставило дека е суров шегобиец.
Новиот сопственикот на бројот намерно продолжил да праќа пораки кога сфатил дека го има бројот од лицето кое неодамна починало.