Го допре дното во животот: Некогаш беше еден од најдобрите фудбалери во светот, денес член на локална банда во Рио

adriano-brazil-640x398

Од еден од најдобрите играчи, можеби најдобар напаѓач во еден период до бандите во Рио Де Жанеиро. Беше ѕвезда на бразилската репрезентација и Интер, но Адриано Леите Рибеиро е на работ на законот.

Иако има 34 години, години кога фудбалерите уште можат да бидат на врвот на кариерата, фудбалскиот живот за него е завршен.

Последен европски клуб во кој играше беше Рома, од каде замина во 2011 година. Се жалеше на носталгијата за Бразил, па се врати дома, но не постигна ништо, потпиша за Коринтианс, па Фламенго, па беше без договор, па играше за Атлетико Минеиро. Последен ангажман му беше во Мајами Јунајтед, но клубот го раскина договорот со него пред два месеци.

adriano-brazil-3

„Неговота мајка и семејството сакаат тој да го напушти Бразил и сите незгоди кои го наоѓаат таму. Ние ќе се грижиме за него и среќни сме што потпиша за нас“, изјавија од Мајами на почетокот на март, но само неколку месеци подоцна никој немаше причина за задоволство.

Фудбалерот кој сега живее во фавела во Бразил беше обвинет за трговија со дргоа и возење во пијана состојна, но не е лишен од слобода.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.