Го викаат “доктор за авто електрика” кој го знае лекот за секој автомобил, а отсега ќе биде главен сервис мајстор во “Авто Контрол”

Eден од најпознатите авто електричари не само во Прилеп туку и во цела Македонија, или уште како што го нарекуваат “докторот за авто електрика на коли”, Владимир Милошески – Лало, oд 1. декември ќе биде главен сервис мајстор во најдобриот Центар за возила кај нас – Авто Контрол. Велат ако не можете да најдете лек за вашиот автомобил не сте го побарале на вистинското место, а вистинското место е токму кај Лало. За Милошески нема автомобил кој не може да се поправи и нема клиент кој не си заминал задоволен од неговите услуги.

“Голема чест ми е што ја добил поканата да бидам дел од тимот на Авто Контрол. Сега целото мое знаење и над 30-годишно искуство во авто електриката ќе го вложам тука. Со овој занает започнав да се занимавам уште во далечната 1988 година. Наредната 89-та година се вработив во Центропромет, каде бев до 1994 година, но веќе од 93-та година започнав со поправки на автомобили после работното време. Во 1995 година го отворив својот сервис “Шампион” покрај Градската река во Прилеп, а во 2008 година својата работилница ја преместив во Здружението на возачи. Сега сервисот “Шампион” згаснува и се фузира со сервисот на Авто Контрол”, вели мајстор Лало.

Од Авто Контрол велат дека идејата е оваа компанија да продолжи да се надградува и да биде лидер во сервисирањето на возилата и техничкиот преглед.

“Ние во нашиот сервис сакаме да имаме ваков искусен мајстор каков што е Владимир Милошески – Лало и ни претставува чест и задоволство што тој прифати да биде дел од нашиот тим. Од 1. декември тој ќе биде главен сервис мајстор кај нас. Целата идеја е Авто Контрол да продолжи да биде лидер во оваа дејност која што ја нуди, односно техничките прегледи и сервисот на возилата. Задоволниот муштерија и задржувањето на квалитетот на услугите и понатаму ќе биде нашиот императив”, истакна Даниела Перканоска, Генерален менаџер на прилепската компанија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.