Напаѓачот на Ред Бул Салцбург, Ерлинг Браут Халанд, според медиумите во Италија веќе го избрал Јувентус и ќе пристигне веќе во јануарскиот преоден рок.
Весникот “Тутоспорт” во денешното издание пишува дека Милан ја загубил битката со Јуве за играчот, како и тоа дека има и други клубови кои го посакуваат во своите редови.
Браут Халанд постигна 28 погодоци на 22 натпревари во сите натпреварувања сезонава и дури 8 во Лигата на шампиони.
Весникот “Кориере дело Спорт” исто така пишува дека 19-годишниот напаѓач, кој во Салцбург пристигна од Молде, е се поблиску до “старата дама”, од каде понудиле 30 милиони евра за да го донесат на “Aлијанц Стадионот”.
Според “Газета дело Спорт” пак, младиот напаѓач ќе потпише 5-годишен договор вреден 3,5 милиони евра по сезона плус бонуси.
Ред Бул Лајпциг имаше природен линк со играчот, но нивниот сопственик Оливер Минтцлаф изјави дека е тешко да се натпреварува со Манчестер Јунајтед, Јувентус и Борусија Дортмунд.
“Да, се сретнавме со него и сме заинтересирани, но не е лесно. Тука се Манчестер Јунајтед, Јувентус и Борусија Дортмунд, како и уште неколку клубови”, изјави тој за “Спорт 1”.