Глумецот, писателот и македонист БЛАГОЈА ИВЧЕСКИ на чело на денешниот марш во 18 часот

BeFunky Collage

Легендарниот прилепски актер, писател и македонист Благоја Ивчески, вечерва во 18 часот пред споменикот “Прилепски бранители”, ќе го предводи граѓанскиот марш за зачувување на унитарноста на државата во Прилеп.

Ивчески е уште еден во низата познати дејци кои застануваат зад овие протести во градот херој и кои во изминатите две недели секојдневно даваат поддршка, заедно со илјадниците граѓани на иницијативата “За заедничка Македонија”.

Благоја Ивчески е роден во 1938г. во с. Смолани – Прилепско. Во 1960 година станува член на Народниот театар “Војдан Чернодрински” и во него го поминува сиот свој работен век, целосно посветен на позивот што го извел.

17352935_10210683600557638_717490755_n

Она што е посебно карактеристично за актерското творештво на овој уметник е обемноста и разновидноста на улогите што ги толкувал. Ивчески има одглумено повеќе од 130 улоги и претставува вистинска тежина и голема поддршка за вечерашниот масовен граѓански протест во Прилеп.

Мирните протести во Прилеп се едни од најмасовните во државата, а кон иницијативата “За заедничка Македонија” синоќа со својата механизација се приклучија и земјоделците.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.