“Гледајте ракомет во 18 часот и запрашајте се зошто во Струмица и кој доби карти да “навива” за Македонија?”

Селекторот Брестовац направи три измени во составот на нашата репрезентација во однос на последниот натпревар во Турција.

Две принудени, на местото на повредените стоилов и Кукоски, влегоа Дарко Димитриовски, кој настапува во шпанската Асобал лига и Горан Крстевски, доскорешниот член на вицешампионот ЕУРОФАРМ, како и Мартин Серафимов, на местото на Томислав Јагуриновски.

Можеби беше за очекување, со оглед на фаворитската улога на Македонија, во составот да се најде и младиот голман и иден бундеслигаш Мартин Томовски, но тоа не се случи.

Да потсетиме, нашата селекција е пласирана на Европското првенство без оглед на епилогот од овој натпревар. А на Грција и треба победа или најмалку нерешено за да се надева како една од четирите трето пласирани репрезентации од квалификационите групи, да избори пласман на завршниот турнир.

Од друга страна, нашите репрезентативци мора силно да ја посакуваат победата и да останат на првото место во групата кое носи по поволна ждребка.

Останува на нас љубителите на ракометот, натпреварот да го гледаме пред тв екраните или на видео бимот на плоштадот во Струмица, бидејќи за прв пат откако официјално настапува репрезентацијата на Македонија во ракомет, карти во продажба немаше.

Кои ќе бидат “случајно” избраните среќници кои во живо во салата “Парк” во Струмица ќе можат да ја гледаат утакмицата, и се надеваме дека ќе можат гласно да ја пеат нашата химна при интонирањето пред почетокот на натпреварот, останува да видиме денес во 18ч.

Инаку, салата има околу 1500 седишта, кои во споредба со 6700 во Борис Трајковски се многу многу малку и револтот кај граѓаните е очекуван.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.