По инаугурацијата на новиот претседател на САД, целото внимание е вперено кон составот на кабинеотот на Доналд Трмап. Забелешка е тоа што помалку од половината од тимот немаат искуство во водење на држава или било каква претходна одговорна политичка функција. Освен тоа, во кабинетот на Трамп сите се мажи и тоа сериозно моќни со голем капитал зад себе. Кои се тие луѓе?
Мајк Пенс
Должност: потпретседател
Капитал: 635 илијади долари
Искуство на одговорна политичка функција: Има
За потпретседател Трамп го избра Мајк Пенс, бившиот гувернер на државата Индијана. Пенс 12 година работел во Претставничкиот дом, и токму поради тоа Трамп одлучи да го постави на должност која ов новиот кабинет на Белата Куќа би требало да го направи линкот помеѓу Трамп и Конгресот. Роден е во католичко ирско семејство, но преминал во протестанти. Има конзерватинви гледишта.
Рекс Тилерсон
Должност: Државен секретар
Капитал: 365 милиони долари
Искуство на политичка функција: Нема
Бившиот извршен директор на нафтениот гигант „Ексон Мобил“ ќе стане првиот дипломат на САД. За таа должност доби и одобрување од Сенатот на САД, каде се отстранети проблемите во врска со дведецениските прашања по однос на тесните врски на Тилерсон во Путин. Освен тоа, Тилерсон ќе мора да ги продаде своите 2.6 милиони акции во Ексон, кои вредат околу 240 милиони долари. Многу аналитичари сметаат дека поставувањето на Тилерсон за прв дипломат на САД говори за тоа дека се гледаат промени во надворешната политика на САД, бидејќи Тилресон претставува противник на меѓународните санкции на Русија, поради кои неговата компанија изгуби речиси милијарда долари и остана без можност да учествува во проектите заедно со рускиот нафтен гигант „Росњефт.
Стивен Мнучин
Должност: Министер за финансии
Капитал: 655 милиони долари
Исусктво на политичка функција: Нема
Стивен Мнучин е американски работодавач, бивш функционер во „Голдман и Сакс“, а по победата на Трамп е поставен на должност министер за финансии во кабинетот на новиот претседател. Тој, заедно со пријателите ја основал компанијата „Ден Кепитал“, која во 2006 година работеше во филмската индустрија. Во 2007 година компанијата склучи договор со „20th Century Fox“ во вредност од 500 милиони долари пораи инвестирање во филмот „Аватар“ и уште неколку од серијата „Луѓе Икс“. Во 2013 година Мнучин ги обедини бизнис операциите со Брет Ратнер и Џејмс Пекер. Минатата година Мнучин раководеше со финансиите на изборната кампања на Доналд Трамп.
Џејмс Метис
Должност: Министер за одбрана
Капитал: Непознат
Искуство на политичка фунција: Нема
Џејмс Метис е генерал од Корпусот на поморската пешадија на САД, бивш командант на здружената командана вооружените сили на САД од 2007 до 2010 година. Истовремено бил врховен командант на ОВС НАТО за трансформирање (ВГКТ). Пред тоа командувал со 1.експедиционен корпус на поморската пешадија на САД, бил командант на Централата команда на воено-поморските сили на САД и 1.дивизија на корпусот на поморска пешадија на САД во текот на војната во Ирак. Генералот Метис во широката јавност е познат благодарение на некои негови изјави. Во една прилика изјави дека е „ѓаволски весело да се пука во извесни луѓе“. Еден од неговите надимаци е „Бесно куче“. Метис кон Иран се однесува со недоверба. Ја критикуваше Русија поради ситуацијата на Крим и источните делови на Украина. Активно ја критикуваше политиката на Барак Обама на Блискиот исток.
Џеф Сешнс
Должност: Јавен обвинител
Капитал: 7.4 милиони долари
Искуство во високи државни функции: Има
Џеф Сешнс е американски политичар, републиканец и сенатор на САД за државата Алабама (прв пат избран во 1996 година). Во периодот од 1981. до 1993 година бил федерален обвинител, а од 1995 до 1997 година генерален обвинител во Алабама. За сенатор на таа држава прв пат е избран во 1996 година. Во 2007 влегол меѓу петмината најконзервативни сенатори – по верзијата на Нешнл Џурнал.
Рајан Зинке
Должност: Министер за внатрешни работи
Капитал: 865 илијади долари
Искуство на високи државни функции: Има
Рајан Зинке е американски политичар, член на Претставничкиот дом на Конгресот на САД за Монтана. Член на Републиканската партија, а од 2009-2011 е член на Сенатот на Монтана. На 15-ти декември 2016, новоизбраниот претседател изјави дека планира да го номинира за должноста министер за внатрешни работи. Тој има диплома за геолог на Универзитетот во Орегон.
Вилбур Рос
Должност: Министер за трговија
Капитал: 2.9 милијарди долари
Искуство на високи државни функции: Нема
Вилбур Рос е американски работодавч. Бил саветник на њујоршкиот градоначалник Руди Џулијани за прашањата за привтизација, а ја советувал и администрацијата на Бил Клинтон во врска со проблемите во руско-американската трговија. Во 2004 година ја купил текстилната компанија „Кон Милс“, која била пред банкрот, а била една од најголемите производиели на деним во светот. Спојувањето на оваа компанија со својата „Барлингтон индустриз“ ја основа „Интернешнл текстил груп“. Подоцна ја формира и копманијата „International automotive components“.
Ендрју Пуздер
Должност: Министер за труд
Капитал: 110 милиони долари
Искуство: Нема
Од 1997 година бил извршен потпретседател и главен правен советник за ЦКЕ Рестурантс, потоа бил на должност претседател и генерален директор на таа мрежа која поседува 3.200 ресторани за брза храна со вкупен приход од 1.4 милијарди долари. Доналд Трамп го избра на 8.декември 2016 година.
Том Прајс
Должност: Министер за здравство и социјални служби
Капитал: 18.7 милиони долари
Искуство: Има
Том Прајс е американски политичар, член на Претставничкиот дом за шестиот изборен округ Џорџија од јануари 2005. Член на Републиканската партија. На 28.ноември 2016 е објавено дека тој ќе биденовиот министер за здравство и социјални служби.
Бен Карсон
Должност: Министер за градба и урбан развој
Капитал: 23 милиони долари
Искуство: Нема
Бен Карсон е американски неурохирург и писател кој прв во светот успешно раздвои сијамски близнаци. Претседателот на САД Џорџ Буш во 2008 година го награди со претседателскиот орден за слобода. Беше републикански кандидат за претседател на САД, но излезе од трката и го поддржа Трамп.
Елејн Чао
Должност: Министер за транспорт
Капитал: 25.6 милиони долари
Искуство: Има
Елејн Лан Чао била министер за трд во САД во администацијата на Џорџ Буш. Првата жена од азиско потекло која стана министер во САД. Родена е во Тајван во семејство на бегалци од континентална Кина, во САД живее од осмата година. Пред политиката работеа во „Ситикорп“ и „Бенк оф Амерка“.
Рик Пери
Должност: Министер за енергетика
Капитал: 1.3 милиони долари
Искуство: Нема
Рик Пери е бивш гувернер на Тексас, номиниран од Републиканската партија. Трамп на 13. декември го номинираше на должноста министер за енегетика. Пери смета дека енергетиката е главен двигател на економскиот прогрес и ги поддржува зелените технологии.
Бетси Девос
Должност: Министер за образование
Капитал: 130 милиони долари
Искуство: Нема
Бетси Девос е американски политичар, милијардер, филантроп и активист во сферата на образованието. Девос беше номинирана за позицијата на 23 ноември.
Џон Кели
Должност: Министер за внатрешна безбедност
Капитал: Непознат
Искуство: Нема
Џон Кели е пензиониран генерал кој во администрацијата на Доналд Трамп ќе одговара за изградбата на ѕидот на границата помеѓу САД и Мексико, која Трамп ја најави во време на предизборната кампања. Трамп на 7. декември 2016 соопшти дека ќе го именува Кели на позицијата. Џон Кели бил генерал-мајор кој командувал со поморскиот експедициски корпус кој делувал во ирачките провинции Анбар и Најнава.
Рајнс Прибус
Должност: Директор на администрацијата на претседателот
Капитал: 23 милиони долари
Искуство: Има
Рајнс Прибус е американски адвокат и политичар републиканец на должност претседател на Националниот комитет на Републиканската партија од 2011 година. Претходно бил на должност главен правен советник на Националниот комитет, како и претседател на Републиканската партија во Висконсин.