Гимназијата „Мирче Ацев” зеде учество на проектот “Социјална кохезија во средните училишта”

socijalna-kohezija

На ден 30.03.2016година СОУ Гимназија „Мирче Ацев” учествуваше  на завршната конференција на проектот „Социјална кохезија во средните училишта”, заедно со уште 14 средни општински  училишта од Република Македонија и 8  меѓуопштински центри за социјална работа, подржан од Британската амбасада во Скопје, а во реализација на Центарот за граѓанска иницијатива.

На конференцијата гимназијата ја претставуваа заменик директорот Гоце Ѓоргиоски, професорите Софија Крстеска и Дејан Стерјоски и ученичката Косара Блажеска.

На конференцијата, училиштата меѓу себе ги разменија искуствата и мислењата за активностите кои ги спроведиле со своите ученици во и надвор од наставните активности со цел подигање на свеста и разбирањето на конфликтните ситуации со кои учениците, наставниот кадар и сручната служба се среќаваат во училишната средина.

Се потенцираа примери и начини на кои може да се надмине конфликтна ситуација преку активно слушање на соговорниците и преку ненасилна комуникација.

Целта на проектот е обезбедување на услови во средните училишта, каде ќе преовладува атмосфера на разбирање на различностите и заемна почит, која ќе допринесе за подигање на свеста и правилно насочување на сите учесници во образовниот процес за помирен соживот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.