Во Кавадарци во петокот се одржа Државното првенство во пинг понг за средни училишта,во организација на ФУСМ.
На првенството учествуваа и тројца играчи од Гимназија Мирче Ацев и тоа: Александар Рикалоски, Бојан Илиески и Христијан Иваноски, под раководство на професор Тони Атанасоски. Одличен резултат постигна Александар Рикалоски кој стигна во финале, но тука беше запрен од Филип Костадиновски од Крива Паланка. Другите двајца играчи, Илиески и Иваноски се пласираа во четвртфинале.
Со освојување на второто место Рикалоски заедно со шампионот Костадиновски се стекнаа со право на учество на спортски камп кој секоја година за најдобрите го овозможува Агенција за млади и спорт.