Гимназијалците се една голема фамилија, еве како се испраќа омилен професор во пензија (ВИДЕО)

Со многу емоции, аплаузи и искрени насмевки, учениците на посебен начин го изненадија и испратија својот омилен професор по физичко образование, Тони Атанасоски, на неговиот последен работен ден.

По години посветена работа со генерации ученици, професорот Атанасоски од утре заминува во заслужена пензија. Но, зад себе остава многу повеќе од часови по физичко образование – остава спомени, мотивирани генерации и почит која не може да се измери со зборови.

Учениците со топла и емотивна атмосфера му приредија испраќање кое долго ќе се памети, покажувајќи колку многу им значел во текот на нивното школување. Насмевките, аплаузите и искрените прегратки беа доказ дека професорот не бил само наставник, туку и пријател, поддршка и инспирација.

Овој момент уште еднаш потврди дека гимназијалците од Гимназијата „Мирче Ацев“ се вистинска фамилија – фамилија која знае да ги цени луѓето што оставиле трага во нивниот живот.

Професоре Атанасоски, Ви посакуваме многу здравје, мирни и убави пензионерски денови. Вашите ученици никогаш нема да Ве заборават.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.