На државното ракометно првенство за средни училишта, кое се одржа од 30.03 до 01.04 оваа година во Валандово, настапија училишни ракометарски екипи со врвен квалитет. Меѓу нив беше и гимназиската екипа од СОУ “Мирче Ацев”.
Во минатото на ваквите средношколски натпревари, како ученици, учествувале најголемите ракометни имиња во Македонија како Мојсоски, Борко Ристоски, новата македонска ѕвезда Филип Кузманоски и сл. Спортските клубови од Македонија, ги избираат своите членови токму на ваквите спортски настани, на кои „се раѓаат“ идните македонски ракометни ѕвезди.
Квалитетот на екипата на Гимназијата, во која се вложува континуирано и оваа година донесе успех и големо постигнување за сите. Нашата гимназиска ракометна екипа од државното првенство се врати со освоено трето место и бронзен медал.
Ова се јунците кои беа предводени од професорот по спорт Даниел Василески: Стојаноски Бојан, Ивчески Илчо, Кочоски Илчо, Нешкоски Јане, Алексоски Давид, Ристески Филип, Рикалоски Александар, Стојаноски Дино, Темелкоски Евгениј, Шокоски Давор, Илиески Методиј, Ангелевски Стефан, Златески Валентин и Паноски Христијан
Во натпреварот за третото место Јане Нешкоски постигна 11 гола. По натпреварот изјави:
„Бев мотивиран и сите моравме до победа. Во реализацијата на головите ми помогнаа Методи, Евгениј, Давид… и сите од целата екипа, но најмогу се мотивиравме и игравме за нашиот капитен кој не можеше да настапи. Оваа победа му ја посветуваме на Давор, на Гимназијата „Мирче Ацев“ и сите кои не поддржуваа до овој голем успех. Имаше многу силна конкуренција но нашата екипа предводена од нашиот професор повторно донесе медал во Прилеп“.