Ученици од неколку гимназии од Македонија, придружувани од нивните наставници, зедоа учество на еднодневен семинар на тема „Демократијата и Собранието”, кој се одржа на 11 март 2016 година, во Едукативниот центар на Парламентарниот институт.
Од гимназијата “Мирче Ацев” – Прилеп присуствуваа учениците: Надица Бунеска, Јошеска Ангела, Ивона Крстеска, Христина Ангелеска и Сандра Спировска предводени од професорката по социологија, Снежана Тодорческа.
Целта на семинарот е приближување на работата на Собранието на Република Македонија до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за придобивките од демократијата.
Раководителот на Парламентарниот институт, м-р Златко Атанасов, на присутните ученици и наставници им додели сертфикат за учество на семинарот.
Преку организирана обиколка учениците имаа можност да го разгледаат свечениот дел на Собранието, да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно одбележје на македонската државност.