Гимназијалката Софија Гешоска трето место на Државниот натпревар по биологија

Во организација на Друштвото на биолози, на 14.05.2022 година во просториите на Природно – математичкиот факултет се одржа Државниот натпревар по биологија.

Ученичката од гимназијата “Мирче Ацев” Прилеп, Софија Гешоска, од III-7 клас, во конкуренција на 84 натпреварувачи, на државниот натпревар го освои третото место. Ментор на Гешоска е професорката по биологија Софија Крстеска.

Софија Гешоска до успехот стигна преку освоените втори места на општинскиот и на регионалниот натпревар по биологија. Таа е одличен ученик и во континуитет освојува медали на натпреварите по природните науки. Успешна беше на државните натпревари по хемија, минатата година, по биологија минатата година го освои второто место и оваа година по географија го освои првото место.

Вистински пример за вреден и исполнителен гимназијалец.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.