Ученикот од гимназијата Мирче Ацев и член на ППК Младост96 Александар Рикалоски, и оваа година го потврди континуитетот во освојување на високи места на Државните натпревари. После една титула Државен првак и две титули вицешампион на Македонија во основни училишта, во својата прва година освоена е вицешампионската титула и во средните училишта. Во финалниот натпревар доживеа пораз од Христијан Јованов од Скопје со резултат 2-1, иако титулата му беше многу блиску, и нијански одлучуваа за победата. Во финалето Рикалоски имаше во низа 6 победи. Освоеното второ место претставува одличен успех ако се знае дека ова е негова прва година да учествува на натпревар на средни училишта ( младинци) каде конкуренцијата е многу голема. Со освојување на второто место се здоби со право да учествува на спортскиот камп кој секоја година со најдобрите спортисти од сите дисциплини го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија.