На 28 и 29 февруари во просториите на ПМФ- Институт за хемија се одржа вториот селекционен натпревар по хемија, на кој се решаваше кои ученици ќе бидат во тимот кој ќе ја претставува Македонија на меѓународните олимпијади по хемија во 2024 година.
Првиот натпреварувачки ден беше теоретскиот дел, кој траеше 5 часа а следниот ден практичниот, лабораториски дел.
Конечни резултати од македонската хемиска олимпијада:
1. Петар Мирчевски СОУГ„Мирче Ацев” Прилеп
2. Марио Ванчоски СОУГ „Славчо Стојменски” Штип
3. Иван Костевски СОУГ „Славчо Стојменски” Штип
4. Јусуф Луш СУГС „Орце Николов“ Скопје
Ментор на Петар му е професорот по хемија Блаже Димески.
На Петар му посакуваме многу успеси, а најмалце да го повтори ланскиот успех, кога освои бронзен медал на 55 Интернационална Олимпијада по хемија во Цирих, Швајцарија.