На 20.09.2025 во организација на Македонската риболовна федерација, на езерцето во Градски парк – Скопје, се оддржа Купот “Рибарче”, на кој учество зедоа натпреварувачи до 15 години од цела Македонија.
На натпреварот учество зедоја и младите дечки од прилепскиот риболовен клуб ЗСР “СОМЧЕ” кои се пофалија со освоени први места во екипна и поединечна категорија.
Во тимот настапија: Матеј Трајковски, Диме Спасески и Давор Спирковски.
Честитки за младите риболовци и желби за уште поголеми успеси во иднина!