Веројатно кога сте биле мали родителите често ви говореле да престанете да ги крцкате прстите. Воглавно се сметало дека од оваа навика на прстите би можеле да добиете артритис или дека наскоро ќе почнат да ви се тресат рацете.
Иако за тоа уште не постојат научни докази, не е препорачливо да ги крцкате.
А, еве и зошто:
Зглобот е спој на две коски (или повеќе) помеѓу кои се наоѓа ‘рскавица која ги заштитува коските. Нив ги поврзува сврзното ткиво и лигаментите, а во средината се наоѓа зглобна капсула исполнета со синовијална течност. Просторот помеѓу зглобовите се зголемува па гасовите растворени во синовијалната течност, која ги подмачкува зглобовите, обликуваат микроскопски меурчиња.
Кога ги крцкате прстите, вие ја ширите зглобната касула и тоа доаѓа до создавање на нови меурчиња во синовијалната течност (таканаречен процес на кавитација). Звукот на крцкање всушност доаѓа од пукањето на тие меурчиња.
На таа теме до денеска се направени малку истражувања. За едн од најпознатите во 2009 год. е доделена награда „Ig Nobel Prize“.
Калифорнискиот лекар Доналд Унгер 60 години ги крцкал прстите на својата лева рака најмалку два до три пати дневно, додека прстите на десната рака не ги чепкал. Заклучил дека нема никаква разлика помеѓу двете раце и дека на ниту една од нив не добил артритис.
Иако не постојат научни докази дека крцкањето на прстите е лошо за здравјето , можеби сепак би требало да се ослободите од таа навика.