Ги “збриша” ли Багески конкурентите на анкетата? Oва се резултатите!

Во пресрет на предизборните кампањи за предвремените парламентарни избори на 12 април 2020 година, низ чаршијата во Прилеп започнаа да се слушаат муабети за тоа со кои пратеници за Прилеп треба да истрчаат на листите политичките партии.

Партиите прават калкулации и мерат рејтинзи, а граѓаните зборуваат. За владеачката СДСМ од Прилеп како сериозни кандидати се споменуваат актуелниот претседател на Советот на општина Прилеп и Претседател на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талески, потоа раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделие во Прилеп, Зоран Пачешкоски, раководителот на Фондот за здравство во Прилеп, Кристијан Пиличев и екс секретарот на ОО СДСМ Прилеп и советник во Советот на општината, Никола Багески.

До изборите има уште речиси 5 месеци, но врз основа на овие муабети кои циркулираат во јавноста во изминатите 3 дена на нашиот сајт поставивме анкета преку која ги запрашавме граѓаните:

“Кој треба да биде пратеник од СДСМ Прилеп?”

Според резултатите кои ги добивме за четворицата кандидати, во изминатите 3 дена гласале 1573 наши читатели.

Прв изби Никола Багески, кој на анкетата доби 491 гласови.

На второ место е Зоран Пачешкоски со добиени 432 гласа.

На трето место е Миле Талески со добиени 349 гласа.

И на четврто место е Кристијан Пиличев со добиени 301 гласови.

Сепак, колку овие бројки го одразуваат вистинското расположение кај граѓаните и пред се вистинската доверба на партиските органи во нив, ќе видиме идната година пред изборите кога партиите ќе излезат со официјални кандидати за пратеници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.