Харпер, ќерката на славниот пар Дејвид и Викторија Бекам со 7 години веќе има свој препознатлив моден стил.
Малата девојка на Лондонската недела на модата на која нејзината мајка ја претстави својата колекција, ги воодушеви сите.
Викторија на ревијата најголема поддршка имаше од своето семејство: тројцата синови, ќерката Харпер и сопругот Дејвид, меѓутоа, малата Харпер била главната ѕвезда.
Харпер со нејзината слатка насмевка и комбинацијата од црно фустанче, црни чорапи и локовани чевлички, ги шармирала сите.