Гест кој заслужува секаква пофалба! Познатиот пејач од Прилеп со семејството, донираа училишни ранци и прибор во пресрет на почетокот на школската година

Познатиот вокал од Прилеп, Гоце Бошкоски – Чоки со неговото семејство донираа школски ранци полни со прибор, за ученици на кои им е најпотребна ваква помош во пресрет на стартот од школската година.

Бошкоски се сопственици на познатиот локал “Good Fellas” во Прилеп, па за довербата која им ја даваат прилепчани, возвраќаат со хумани дела.

-Кога земаш полни ти се рацете, но кога даваш полно ти е срцето…денес нашите срца се полни. Слава на Бога. Денес фамилија Бошкоски Чоки и Good Fellas – Prilep донираа училишни ранци полни со училишен прибор и два ваучери …. Да израдуваме неколку дечиња кои имаат потреба, а неможат да си го дозволат тоа – напишаа Бошкоски на социјалните мрежи.

Еден убав хуман гест кој секако треба да ги поттикне сите кои се во можност, стопанственици и познати личности да го направат истото. Да возвратиме на заедницата во која работиме и твориме во време кога помош е најдобредојдена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.