Гест за почит: Ресторан и пекара од Битола ќе делат по 50 оброци дневно за секој кој не може да си обезбеди

Ресторанот “ОСКАР” и пекарата “Александар” од Битола, во периодот од 16.12.2022 г. до 16.01.2023 г, секој ден, освен неработни денови ќе дава по 50 тополи оброци (пилешко,свинско и тестенини) за сите, кои имаат потешкотии да го обезбедат – гест кој треба да служи за пример за секој еден газда во периодот на празниците.

-Ручекот ќе се служи во 14 ч, кај Јавор, секој ден,освен неаработни денови, во горенаведениот период. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ, сакани, наши сограѓани. БОГ СО СИТЕ НАС И ЗА МНОГУ ГОДИНИ – стои во објавата на социјалните мрежи од познатиот битолски ресторан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.