Сигурен сум дека нема родител на дете на училишна возраст којшто не сака неговото најмило конечно да се извлече од канџите на принудната неколкумесечна изолација, од зависноста од смартфоните кои сега се единствениот начин на социјализација на децата и од оваа коронадепресија. Не недостасува ниту потреба ниту желба кај сите нас децата да се вратат во училишните клупи, да следат настава во комуникација со нивните наставници, да учат и да се дружат со своите врсници, макар и во услови на строги правила и протоколи за поведението – пишува новинарот Бранко Геровски во неговата најнова колумна.
Но, потребите и желбите се едно, а реалноста е нешто сосема друго. Протоколите напишани на хартија ни оддалеку не се доволна гаранција дека наставата во училиштата ќе се спроведе во безбедни услови и дека физичкото присуство на децата на училиште нема да го зголеми ризикот да се заразат од опасниот вирус, да заболат од ковид-19 и да ја шират заразата во својата околина.
Тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи треба да биде сигурен дека нашите образовни институции имаат капацитети и ресурси да го обезбедат нужното физичко дистанцирање на учениците во текот на целото време додека се предадени на грижа на наставниците, што ќе рече и кога се на час, но и кога се во ходниците и во училишните дворови. Тој што ќе донесе и што ќе потпише таква одлука треба да биде сигурен што прави и каква одговорност презема. Ние, родителите, не смееме да дозволиме било кој да експериментира со здравјето на нашите деца. Ако се случи хаварија, тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи ќе се соочи со политичка, но и со кривична одговорност.
Целата колкумна прочитајте ја ТУКА