Героски: Боки 13-ка го злоупотребил и министерот за транспорт и врски Сугарески

Невладината организација Меѓународен сојуз – Скопје, чиј основач е Бојан Јовановски, сега осомничен во аферата „Рекет“, на 25 декември 2017 година потпишал Меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски. На документот се потпишани Јовановски и министерот Горан Сугарески – пишува новинарот и уредник на порталот Плусинфо Бранко Героски.

Во Меморандумот пишува дека двете страни се согласиле „за меѓусебна соработка при имплементација и реализација на активности и проекти од областа на заштита на цивилно општество и социјално загрозени граѓани“. Поседуваме фотографија од овој документ.

Иако Меморандумот не предвидува конкретни обврски на Министерството за транспорт и врски кон Меѓународниот сојуз, како што се потврди и од објавениот текст на преддоговорот што го склучиле Меѓународен сојуз и ГП „Пелистер“ од Битола, соработката на популарниот Боки 13-ка со институции на централната и на локалната власт, му помогнале на Меѓународен сојуз да стекне имотна корист.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.