„Му порачувам на премиерот Заев да не ме забавува со комични препораки каде и што треба да сум пријавел. Си има тој свои соработници и блиски луѓе што може да си ги подучува и на кои може да им наредува. На мене – не!“, му пораа новинарот Бранко Героски на премиерот Зоран Заев по денешната прес конференција.
Заев рече дека нема што да разговара за случајот „Рекет“ со Геровски кој во серија објавува колумни за рекет врз македонски бизнисмени и му порача да се обрати до институциите.
„Јас сум слободен новинар, самиот одлучувам што пишувам, кому се обраќам и со кого би сакал да разговарам. За да ја задржам својата слобода, си дадов оставка во „Слободен печат”. Два пати оставка не можам да ви дадам…“-потенцира Героски одговарајќи на кажаното од премиерот.
Героски во одговорот вели дека на крајот на краиштата, секој избира со кого сака да разговара.
„Секој избира со кого му врви муабетот. Секое грне на крајот си го наоѓа своето капаче“, додава Героски.