Чудно е во букетот кој претседателот на Русија Владимир Путин и го подари на германската канцеларка Ангела Меркел да се гледа нешто повеќе од вообичаено пристојно однесување, кое често се користи на состаноците и преговорите, вели заменикот на претседателот на Здружените руски дипломати, Андреј Бакланов.
Таблоидот “Билд” претходно овјави статија чиј автор смета дека гестот на Путин претставува “одреден сигнал” и дека во сериозните политички кругови не е вообичаено да се подарува букет на состанок, туку обично ракување е доволно.
Treffen in Sotschi – Warum Putins Blumen an Merkel ein Affront sind https://t.co/KAdPU2aMON pic.twitter.com/70OLyDNJdY
— Dr. Feed (@fastfeednews) May 18, 2018
“Бонтонот налага, кога се води состанок со жена, индивидуално или кога таа доаѓа со делегација, таа добива цвеќе за време на посетата. Тоа е дел од општоприфатениот бонтон и тоа е вообичаено, нема разговор за тоа. Ова се случува прилично често”, нагласи Бакланов кој во периодот од 2000 до 2005 година беше амбасадор на Русија во Саудиска Арабија.