Анагрет Крамп-Каренабуер, лидерката на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел и нејзина штитеничка нема да се кандидира за канцелар на следните избори, што ќе се одржат следната година во Германија, изјави денеска извор од ЦДУ.
Таа најавила и дека ќе се повлече од лидерското место кај демохристијаните.
Изворот кажал дека Меркел сака Крамп-Каренбауер да остане министер, пренесоа британските медиуми.
Таа во моментов ја извршува функцијата министер за одбрана.
Крамп-Каренбауер беше во центарот на политичкиот скандал заради кој за време на викендот беше свикан и состанок на владеачката коалиција, со кој претстедаваше канцеларката Меркел, откако во покраината Тирингија за првпат беше избран премиер со помош на гласовите на десничарската „Алтернатива за Германија“.