Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денес дека рускиот претседател Владимир Путин стравува дека „искрата на демократијата“ ќе се прошири на неговата земја.
Тој додаде дека Путин се обидува да ја подели Европа и да го врати светот во кој доминираат сфери на влијание.
Шолц во интервјуто за Минхенер меркур како одговор на прашањето дали Путин би прифатил приближување на Украина на Европската Унија, кажа дека „рускиот претседател мора да прифати дека во неговото соседство постои заедница на демократии засновани на закон која сè повеќе се зближува“, пренесува Ројтерс.
„Тој очигледно се плаши дека искрата на демократијата ќе се прошири на неговата земја“, кажа германскиот канцелар.
Додаде дека рускиот претседател нема да успее да ја подели Европа и да ја врати политиката на сфери на влијание.