Германија ја очекува ХАОС: Политичарите се кренаа против Ангела Меркел

angela-merkel-got-punished-for-her-refugee-policy-after-the-far-right-soared-in-german-elections

Германските политичари ја обвинија канцеларката Ангела Меркел дека креирала ситуација во која Европа е премногу зависна од Турција, во однос на прашањето за мигрантската криза и, со самото тоа, ранлива на секаков вид на уцена од турскиот  претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Ројтерс.

Турција, која одби  во потполност да ги испочитува барањата на ЕУ во однос на прашањето за анти-терористичките закони, влезе во разидување во однос на безвизниот режим, кој беше ветен во замена на запирањето на мигрантите, кои илегално сакаат да влезат во Европа. Германските политичари сметаат дека е потребно да се најде нов начин на спасување на преговорите, бидејќи тие моментално се во ќорсокак.

Меркел, чија популарност почна значително да опаѓа поради ставот кон мигрантите, а откако Германија прими повеќе од милион мигранти за време на минатата година, ги предводеше преговорите со Турција.

Иако бројот на мигранти кои влегле во Германија од јануари, драстично е намален, германската канцеларка сеуште е под критики за нејзините последни одлуки.

  • Не сум против преговорите со Турција, но мислам дека е опасно да станеме зависни од Анкара – рекол Хорст Зихофер, претеседател на СSU, која е сестринска партија на CDU од Меркел, пренесува Ројтерс.

Sara Vageneht, од крајната левичарска партија Linke, објасува дека Меркел всушност во потполност сама ги водела преговорите, без во нив да ги вклучи своите европски партнери.

Со самото тоа таа е одговорна за тоа што Европа стана ранлива на можни уцени од турска страна – рекла Vageneht.

Покрај споменатите и други германски политичари се приклучија кон критиките.

Додека на ЕУ и е потребен успех на преговорите, се инсистира Турција од своја страна да исполни 72 критериуми, вклучувајќи и регулација на анти-терористичките закони, што Анкара го одби, со напомена дека е во постојана борба против тероризмот.

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.